Абдул Азиз Азизи ќе се бори за бронза на Европското првенство во борење за У-15

Абдул Азиз Азизи е јунакот на денот на Европското првенство во борење за У-15 во Креоле, Италија, ќе се бори за бронзен медал.
Азизи (52 кг) во парвото коло славеше 10-0 против Тимотеј Мерта од Словачка, потоа и над Иван Калеџи од Молдавија со 5-3. Во поуфиналето се сретна со Роберт Алоиев од Украина и загуби 1-8. Украинецот оваа година го освои второто место на Европското првенство за У17 во Скопје.

Останатите наши борачи загубија во првото коло, oсвен Даријан Павлев кој забележа победа. Можно е некој да добие шанса во репасажот.
Европско првенство У-15:
38 кг Ендрит Сулејмани – Јаухени Шкурат (УВВ) 3-14
41 кг Лука Ананиев – Дионисие Негру (Молдавија) 0-10
41 кг Заим Заимовски – Сослан Гуиголаев (Франција) 0-10
48 кг Мустафа Мираџ – Демтре Мортуладѕе (Грузија) 1-11
52 кг
Абдул Азиз Азизи – Тимотеј Мерта (Словачка) 10-0
Абдул Азиз Азизи – Иван Калеџи (Молдавија) 5-3
Поуфинале
Абдул Азиз Азизи – Роберт Алоиев (Украина) 1-8
За бронза
Абдул Азиз Азизи –
57 кг Дардан Бела – Сери Данилјевич (Украина) 2-12
62 кг
Даријан Павлев – Арнас Збормиркис (Литавнија) 8-5
Даријан Павлев – Махмад Хасанли (Азербејџан) 2-7
62 кг Матеј Трајковски – Артсиом Џијатликау (УВВ) 0-10
75 кг Димитар Атанасов – Мухамет Јавуз (Турција) 2-13
85 кг Христијан Димитриев – Мехмет Бозкурт (Турција) 4-8



