АктуелноБоксПрофесионален

Фјури открива кој удира посилно – Вајлдер или Нгану: Тој е најсилниот удирач со кој сум се борел

Британскиот тешкаш Тајсон Фјури минатата година загуби двапати од Александар Усик, прво во мај во борбата за апсолутен шампион во кралската категорија, а потоа во реваншот на крајот од годината.

Поранешниот шампион на ВБЦ го објави своето пензионирање во јануари и засега стои зад својата одлука, иако во неодамнешните објави ги задеваше фановите со можноста за евентуално враќање.

Ромскиот крал го делеше рингот со некои навистина силни удирачи и опасни нокаутери во текот на целата кариера, а во едно неодамнешно интервју беше прашан кој има посилен удар, Дионтеј Вајлдер или Френсис Нгану.

„Не мора премногу да размислувате за тоа – Дионтеј Вајлдер“, рече Тајсон Фјури во интервју за Стомпинг граунд и продолжи:

„Френсис Нгану има силен удар, но ниту еден од неговите удари не ме загрижи. Неговите удари не беа толку експлозивни. Никогаш навистина не ме затресе ниту еднаш. Тој еден удар од зад главата и тоа беше тоа. Значи, Вајлдер е сè уште најтешкиот удирач со кој сум се борел, досега“.

Дионтеј Вајлдер е еден од најразорните удирачи во историјата на боксот, со 43 победи (четири порази и едно реми), од кои 42 со нокаут.

Поранешниот долгогодишен шампион во тешка категорија на ВБЦ моментално има неверојатна стапка на успех од 97 проценти завршувајќи ги своите борби пред последниот удар во гонгот.

Бронзениот бомбардер се враќа во рингот на 27 јуни на настан во Вичита против Тајрел Херндон.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON