АктуелноБоксПрофесионален

Железниот Мајк се враќа во рингот! Ќе боксира со легендарен борец во оваа земја!

Мајк Тајсон би можел повторно да се врати во рингот – овој пат во потенцијална гоелма борба со Федор Емелијаненко. Казахстанската боречка организација „Алаш прајд лига“ (АПЛ/ APL) му даде официјална понуда на 58-годишната боксерска икона да учествува на гала настан во декември.

Тајсон направи изненадувачки камбек по 19-годишна пауза минатиот ноември кога се соочи со јутјуберот кој стана боксер Џејк Пол. Борбата, која се емитуваше на Нетфликс, му донесе на Тајсон 20 милиони долари, но во неа „Железниот Мајк“ изгледаше далеку од неговата застрашувачка форма и загуби со убедлива едногласна одлука пред 80.000 луѓе во Тексас.

Сепак, Тајсон не ја исклучи можноста повторно да се бори – нешто што АПЛ сака да го оствари. На прес-конференција во Астана, претседателот на организацијата, Алимжан Бектаев, изјави:

„Планираме борба меѓу Мајк Тајсон и Федор Емелијаненко. Работата на организацијата веќе започна. Турнирот на кој сакаме да го поканиме Тајсон е закажан за декември“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Qazinform (@qazinform_agency)

48-годишниот Федор Емелијаненко се смета за еден од најголемите борци во историјата на ММА. Русинот е поранешен долгогодишен шампион во тешка категорија на легендарната јапонска организација Прајд и четирикратен светски шампион во комбат самбо. Во својата кариера, која започна во 2000 година, Емелијаненко ги победи легендите како Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ, Антонио Родриго Ногеира, Марк Колман и Андреј Арловски.

Иако двајцата борци се далеку од нивната поранешна физичка и спортска форма, потенцијалниот судир меѓу Тајсон и Емелијаненко би привлекол глобално внимание – не само поради нивните имиња, туку и поради симболиката: икона на боксот против икона на ММА.

Се очекуваат повеќе информации за настанот и дали Мајк Тајсон ќе го прифати предизвикот за уште еден последен спектакл во рингот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON