„Усик е мајстор кој те разбива“, вели Паркер за реваншот со Дубоа

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Новозеландецот Џозеф Паркер ги сподели своите мисли за претстојниот реванш меѓу (23-0, 14 КО) и Даниел Дубоа (22-2, 21 КО) за непрокосковената титула во тешка категорија, кој е закажан за 19 јули во Лондон (Англија).

Да потсетиме дека Паркер можеше да биде на местото на Дубоа, но нивната борба во февруари беше откажана поради болеста на Даниел.

„Никогаш не можете да го отпишете Даниел Дубоа“, рече Паркер и нагласи:

„По првата борба со Усик, по борбите со Џарел Милер и Ентони Џошуа, тој стана човек со мисија. Излегува и дава сè од себе. Има добар тим зад себе“.

„Но, Усик е како мајстор кој те чита и те разбива“, забележа Џозеф идодаде: „Има добри финти, нозе и комбинации. Во првата борба беше многу доминантен сè додека не го поткачи тој низок удар. Усик ќе влезе во втората борба со својата вообичаена самодоверба поради тоа како се покажа во нивната прва борба, но мора да биде внимателен со Дубоа бидејќи тој е моќна сила“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON