Даниел Дубоа сака меч со поранешен шампион: Кога ќе го победам Усик, тогаш можам да се борам и со него

Пред 27-годишниот Даниел Дубоа има борба што ќе трае цела кариера. Британскиот борец и светски шампион на ИБФ на 19 јули на Вембли ќе се бори против непоразениот Украинец Александар Усик (носител на титулите ВБА (Супер), ВБЦ, ВБО) за обединување на титулите во тешка категорија.

Дубоа има победено 22 пати во кариерата, од кои 21 со нокаут. Тој има и два порази, против Џо Џојс и Александар Усик, но неговиот подем започна откако загуби од украинскиот борец во август 2023 година.

Покажа дека може да помине низ силен оган победувајќи го силниот Џарел Милер во декември 2023 година, а минатата година го победи Филип Хрговиќ со прекин во осмата рунда, а во септември брутално го нокаутира Ентони Џошуа.

Сега се соочува со најголемата борба во неговата кариера против Александар Усик, во која сака да се одмазди за поразот. Дубоа е полн со самодоверба и веќе гласно размислува за својот можен следен противник.

„Мислам дека Тајсон Фјури дефинитивно ќе се врати. Ако го победам Усик, тогаш можам да се борам и со него. Кој знае? Во моментов има толку многу активни големи тешкаши и сите очајно сакаат да се наметнат“, рече Даниел Дубоа.

Дубоа би бил првиот британски неприкосновен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис што го стори тоа пред 26 години. Усик го направи тоа минатата година и стана првиот тешкаш што го сторил тоа во ерата на четирите појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON