Една од најочекуваните боксерски борби во последните години сега е официјална: Сoл Алварез-Канело ќе се соочи со Теренс Крофорд на 12 септември во Лас Вегас. Борбата ќе биде првиот настан од новата TKO боксерска лига, создадена претходно оваа година од Турки Алалших во партнерство со ТКО груп, матичната компанија на УФЦ и ВВЕ.
Во исто време, на Алварез му беше претставен и новиот шампионски појас на списанието Ринг, кој ќе биде заложен во мега борбата против Крофорд. Саудискиот спортски промотор прецизираше дека токму овој појас ќе го брани Канело, а вечерта ќе ја организира претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
„Ќе ја одржиме „борбата на векот“ под брендот „Сезона во Ријад“ на 12 септември, на стадионот Алегијант во Лас Вегас“, напиша Алалших на социјалните мрежи. „Легендарниот Сол Алварез – Канело ќе го брани појасот на „Ринг“ против големиот Теренс Крофорд. ТВ платформата ќе биде објавена наскоро – и тоа ќе биде големо изненадување. Јас и мојот брат Дана Вајт ќе водиме првата вечер на бокс со ТКО бокс. Ќе биде нешто лудо“!