Давид Божиновски освои сребрен медал на „Астерикс куп“

Давид Божиновски (-73 кг) од Таеквондо клубот Младост освои сребрен медал во јуниорска конкуренција на Меѓународниот турнир „Астерикс куп“ (Е3) во Ниш, Србија.

Ова е турнир од Е3 серија и носи бодови за европската ранг-листа. Со овие бодови Давид ќе се искачи во најдобрите 25 во Европа.

Поради добрата позиција на ранг-листата првото коло Давид беше слободен, потоа со 2-0 во рунди го порази претставникот од Молдавија Даниел Лингу. Во тесна борба во финалето загуби од Лазар Савичиќ од Србија.

„Тоа е одличен показател дека и тој може да го чекори на патот кон Олимпијадата во Лос Анџелес“, вели неговиот тренер Стефан Миленковски и додава:

„Наредниот викенд, заедно со нашиот веќе докажан натпреварувач Христијан Симоновски, кој е моментално 6-ти на европската ранг-листа, ќе учествуваат на Г1 натпревар во Кристијанштад,Шведска каде што за првпат ќе ги одмерат силите како сениори против најдобрите во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON