Никола Павловски ги заврши настапите на ЕП во џудо

Никола Павловски (-100 кг) загуби со ипон од српскиот репрезентативец Александар Кукољ на Европското првенство за сениори во Подгорица – Црна Гора.

И Кукољ немаше многу успех, па така не му овозможи репасаж на нашиот репрезентативец.

Европски шампион во оваа категорија е Илија Суламанидѕе од Грузија, додека вицешампион е Зелим Коцоијев од Азербејџан. Брнзените медали им припаднаа на Симон Катрина од Холандија и Генаро Пирели од Италија.

На Европското првенство за сениори настапуваат 414 натпреварувачи од 47 земји.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON