Петар Спасеновски беше на чекор до четвртфиналето на Премире лигата, и Вероника Костовска втора во групата

Петар Спасеновски (-84 кг) и Вероника Костовска (-61 кг) беа блиску до пласман во четврфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Каиро, Египет, кои во групата го освоија второто место со по две победи. Ова посебно се однесува на Спасеновски, кој во третата борба со Валери Чоботар од Украина директно одлучуваше за понатамошниот пласман.

Стефан Стојановиќ (+84 кг) е трет во групата. Во првата борба стартуваше со победа, втората ја загуби минимално, а во третата фваритот Хазем Мохамед од Египет беше поразен.

Денес беше жребувањето, а нашите каратисти го добија распоредот на настапи во групите.

Во Каиро настапија 378 натпреварувачи од 65 држави.

На Премиер лигата настапуваат најдобропласираните каратисти во светот по категории, односно по 32-ца. Од групите во четвртфиналето натпревратите ги продолжуваат првопласираните каратисти.

Резултати – Карате 1 Премиер лига – Каиро:

-61 кг – 4 група
Вероника Костовска – Беата Гривица (Латвија)       6-2
Вероника Костовска – Асел Канај (Казахстан)         2-3
Вероника Костовска – Трисја Сомбе (Франција)       4-3

-84 кг – 3 група
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербијџан)   9-4
Петар Спасеновски – Рајбак Абделселем (Франција) 3-2
Петар Спасеновски – Валери Чоботар (Украина)       1-3

+84 кг – 3 група
Стефан Стојановиќ – Фредерико Супино (Италија)    5-1
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија)    3-4
Стефан Стојановиќ – Хазем Мохамед (Египет)           1-5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON