Андреа Нисева доминираше на Државното првенство на Бугарија во Петрич со 4 ефективни победи.
„Нисева не и даде ниту една шанса на своите сопернички и надмоќно со туш техники доминираше во четирите борби“, истакнува нејзиниот тренер Методи Сичков.
„Андреа Нисева веќе четврта година настапува во Бугарија, носителка е на европски медал, трикратна балканска шампионка се обраќаме до сите надлежни институциите во Македонија, како до Влада, Министерство за спорт и нагласуваме дека бараме овоаа спортистка да се врати и да брани боите на Македонија, но од никаде нема одговор тотална тишина“, вели Сичков и додадава:
„Дискриминација, не само на Андреа Нисева, но на уште 100-тина борачи од Олимпија, Безбедност, Тигар, Вардар. Дали оваа држава е стимулатор на неправилности, криминал, дискриминација? Или, веќе еднаш ќе стави крај на ова дивеење. Донесување на руски борачи за илјадници евра по пасош, манипулации со институциите за спорт. Ќе постетам на прес-конференцијата на министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски дека во Борачката федерација има финансиски проневери, а ниту Обвинитеството ниту МВР не преземаат ништо“.