Милошевски Маршал артс со одличен старт во 2025 година

Во изминатиот месец, тимот на Милошевски маршал артс (ММА) учествуваше на две престижни интернационални карате натпреварувања, постигнувајќи одлични резултати и достојно претставувајќи ја Македонија.

Првиот натпревар се одржа на островот Амелија во Флорида — 2025 Сеасајд карате класик, каде поради ограничена регистрација, учествуваа само 300 натпреварувачи. Нашиот клуб беше претставен од три натпреварувачки: Меган, Бони и Сиена, кои освоија вкупно 2 сребрени и 2 бронзени медали. Особено сме горди што нашиот светски судија Дејан Милошевски беше назначен за татами менаџер, успешно претставувајќи ја нашата држава и клубот на меѓународно ниво.

Вториот натпревар, Чикаго карате класик, се одржа во Чикаго и собра околу 800 натпреварувачи распоредени на 10 татами. Тимот на ММА во состав од Владимир, Горјан и Анастаси се врати со 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали, потврдувајќи го високиот квалитет и посветеност на нашите спортисти.

„Задоволен сум од нашите натпреварувачи и од нивниот успех на двата турнири. Нивниот фокус и перформанс беа на врвно ниво. Поради пролетната пауза во училиштата во САД, дел од нашите членови беа отсутни, но и покрај тоа, успеавме гордо да го развееме македонското знаме на подиумот – нешто што останува наша традиција“, изјави сенсеи Дејан Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON