Кикбоксерите освоија 49 медали на Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“

На Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ во Сараево, Босна и Херцеговина, македонските кикбоксери освоија 49 медали – 12 златни, 13 сребрени и 24 бронзени.

Во петокот на Kупот за деца и помлади кадети „Сараево Гранд при – Опен куп 2025“ македонските кикбоксери освоија 7 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени или вкупно 56.

Лука Змејкоски и негвиот клуб Лидер победата ја посветија на загинатите од трагичниот пожар во Кочани.

„На нивните фамили Господ да им дава сила. Сите повредени што побргу да оздрват. Почивајте во мир ангели“, напишаа на Фејсбук од Лидер.

Македонската репрезентација од европскиот ВАКО куп се враќа со вкупно 56 медали од кој 15 златни, 16 сребрени и 25 бронзени медали (Европскиот куп „Гранд при Сараево“ и купот за деца и помлади кадети „Сараево Гранд при – Опен куп 2025“).
Како претседател и водач на репрезентацијата сум задоволен од севкупниот исход од овој куп. Ова е многу високо рангирано европско куп првенство каде што учествуваат најуспешните борци во Европа, а нашите натпреварувачи се стекнуваат со големи искуства за ја подобрат својата техника и станат уште подобри борци. Ваквите првенства ни се многу потребни за напредокот на нашите натпреварувачи. Сакам да истакнам дека имаме одличен тренерски тим и правимме одлични борци. Слободно можам да потврдам дека кикбоксот е национален спорт број еден во нашата земја. Им благодарам на сите што не подржуваат и веруваат во нас“, вели претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија и селектор Дејан Митровски – Урко.

Медалите ги освоија:

Лоу кик
Помлади јуниори
-57 кг Филип Костов – бронза
-75 кг Максим Илиевски – Џуро Божиновиќ (Црна Гора) 0-3 – сребрен
+81 кг Лука Змејкоски – Дмитри Стоицов (Молдавија) 3-0 – златен
+81 кг Филип Георгиев – брозен
-52 кг Танкица Коцева – бронза

Постари јуниори
-57 кг Марко Ристоски – Душан Жеравиќ (Србија) 0-3 – сребрен
-63,5 кг Калин Бабоски – Андреј Смилевски 3-0 – златен, сребрен
-63,5 кг Андријано Димишковски – бронза
-67 кг Зоран Терзиев – Данило Методиевски 3-0 – златен, сребрен
-71 кг Милан Нешевски – бронза
-56 кг Андреа Георгиевска – бронза

Сениори
-63,5 кг Александар Василевски – бронза
-67 кг Мартин Бургов – бронза
+91 кг Мите Дамјаноски – бронза
-48 кг Анастасија Јанческа – Милица Трифуновиќ (Црна Гора) 3-0 – злато

К-1
Сениори
-67 кг Петре Велков – Урош Нешковиќ (Србија) 3-0 – златен
-81 кг Крсте Трајковски – Стефан Добријевиќ (БиХ) 0-3 – сребрен
-96 кг Нелсон Узеир – Карим Мабрук (Австрија) 1-2 – сребрен

Лајт контакт
Сениори
-50 кг Леа Бошевска – злато
Кик лајт

Постари кадети
-57 кг Драган Пандев – златен
-57 кг Филип Ѓоргиев – бронзен
-69 кг Исмаил Мутлу – бронзен
+69 кг Борјан Арсовски – сребрен

-42 кг Маригона Зенуни – златен
-42 кг Ангела Стоилковска – сребрен
-55 кг Сара Стојаноска – бронзен
-60 кг Антонија Тасева – бронзен

Јуниори
-57 кг Витанов Трајче – сребрен
-69 кг Марко Башнарков – сребрен
-69 кг Дарко Нумановиќ – бронзен
-69 кг Иван Кукуновски – бронзен
-74 кг Димитар Јачев – бронзен
-79 кг Наум Милановски – златен
-79 кг Јован Панов – бронзен
-84 Андреј Тоневски – бронзен
-89 кг Бранко Пандев – златен
-89 кг Дамјан Бошков – сребрен
+94 кг Павел Божиновски – бронзен
+94 кг Иван Гудев – бронзен

Сениори
-69 кг Андреј Проданов – бронзен
-94 кг Климент Гроздановски – златен
+94 кг Стефан Михајловски – златен
-55 кг Леа Бошевска – сребрен
-60 кг Андреа Костовска – сребрен
-70 кг Дамјана Пеовска – борнзен

Фул контакт
Млади јуниори
-54 кг Андреј Митков – бронзен

Сениори
-71 кг Павел Стојчевски – бронзен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON