Мовсар Евлоев ја прогнозираше борбата за титулата во перо категорија на УФЦ 314.
Александар Волкановски (26-4 ММА, 13-3 УФЦ) се соочува со Диего Лопез (26-6 ММА, 5-1 УФЦ) за слободниот појас во главната борба на 12 април во центарот Касеја во Мајами. Во последните две борби Волкановски беше нокаутиран од Илија Топурија и шампионот на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев.
Но, ако може да се опорави и да се врати во формата во која пет пати ја бранеше титулата во перо категорија, Мовсар (19-0 ММА, 9-0 УФЦ) мисли дека лесно ќе го победи Лопез. Александар рече дека е подготвен да направи брз пресврт и да му понуди на Евлоев шнаса за титулата доколку победи на УФЦ 314.
Мовсар е подготвен и се надева дека „Големиот“ ќе си го врати појасот:
„Мислам дека, ако Волкановски е на 50 проценти од своите најдобри, може лесно да го победи овој човек. Јас ќе бидам следен за него и ќе видиме. Луѓето кои го поддржуваат овој спорт ме чекаа како прдизвикувач за титулата. Но, сега е малку поинакво време бидејќи на луѓето им требаат повеќе валкани разговори и завршници.
Дури и ако изгубите 10 пати, но имате финиш, имате поголеми шанси да добиете борба за титулата. Ќе видиме што ќе каже УФЦ за мене или за следниот противник, но јас сум подготвен. Подготвен сум бидејќи го победив Алџамејн Стерлинг и сè уште чекам борба или вести, но сепак ништо. Никој не се согласил да се бори со мене“, изјави Евлоев за Хоум оф фајт.
View this post on Instagram