Македонија го заврши Балканското карате првенство во Будва, Црна Гора, со сребрен медал откако женскиот кумите тим во финалето загуби од Босна и Херцеговина 1-2.
За нашиот тим настапија Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Магдалена Божиновска и Викторија Јовановска.
Претходно женскиот ката тим (Данка Стојкова, Тамара Ристовска и Владнака Аврамова) се закити со златен медал.
Така, репрезентацијата на Македонија го заврши првенството со 13 медали – 2 златни, 4 сребрени и 7 бронзени и го зазеде шестото место. Турција е прва со 21 медали (8-3-10), Црна Гора 14 (7-4-3), Србија 31 (6-11-14), Хрватска 14 (5-5-4), Македонија 12 (2-3-7).
Вчера Стефан Стојановиќ освои сребрен медал, како и Љупче Михајлов, а Емил Павлов, Реџеп Рушити и Данка Стојкова бронзени.
Да потсетиме дека завчера Јована Мицовска освои златен медал во категоријата до 61 килограм откако во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со 3-4, а со бронзи се закитија Ангела Мојсовска, Михаела Мишовска, Сара Дука и Магдалена Божиновска.
Резултати Балканско првенство:
Кумите тим жени
Македонија – Романија 2-0
Македонија – Косово 2-0
Финале
Македонија – Босна и Херцеговина 1-2