Андреј Василевски освои бронза на „Бугарија опен Г1“- втор за Македонија

Андреј Василевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ во Софија од Г1 серија.

Ова е втор медал за Македонија откако вчера Ведрана Тунески освои злато.

Од Македонската таеквондо федерација истакнуваат дека и Василевски македонска олимписка надеж.

„Олимпискиот спорт е жив, имаме вистински олимписки надежи“, напишаа на Фејсбук од МТФ.

Резултати Бугарија опен:

Јуниори А класа
-59 кг
Андреј Василевски – Иван Начев (Бугарија) 2-1
Андреј Василевски – Кристос Константину (Кипар) 2-1
Полуфинале
Андреј Василевски – Мило Морато (Франција) 0-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО