Нгану за Фјури: Не бев самоуверен

Камерунската ММА ѕвезда во тешка категорија Френсис Нгану призна дека воопшто не бил самоуверен кога планирал да дебитира во боксерскиот ринг против актуелниот светски шампион Тајсон Фјури во 2023 година, сомневајќи се во исправноста на одлуката што ја донел.

Да потсетиме, Нгану на крајот се претстави многу подобро од очекуваното, соборувајќи го Фјури и речиси победувајќи на поени, а само загуби со поделена одлука.

„Не бев самоуверен бидејќи имав машко его кое вели: „Во ред, се борам со друг тип и имам шанса да го победам“. Но, во исто време си помислив: „Ова е мојот прв боксерски меч“. „Се прашував дали можам да направам три или четири рунди бидејќи никогаш не сум го направил тоа во мојот живот““, се сеќава Нгану.

„Јас сум при крај на кариерата и се борам со момче кое исто така е при крај на кариерата, но зад себе има само боксерски борби. Тој го има направено тоа многу пати досега, а јас никогаш не сум го сторил тоа.

И уште нешто: „Можам ли да се потпрам на моето колено“? Дали ќе трае? Имав многу сериозна операција на коленото со многу компликации. Повеќе од една година не можев да одам нормално. И си помислив: „Дали ќе издржи или ќе се скрши еднаш засекогаш“?

Сепак, Френсис не се кае: „Направете што можете и видете што ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО