Меѓународна сценаММА

Магомед Анкалаев до Переира: Се надевам дека си подготвен за борба од 25 минути и борење

Алекс Переира покажа како го подобрува своето борење и се бори на снегот со Гловер Тешеира.

„Поатан“ неодамна наиде на многу критики дека е преокупиран со споредни работи и не се подготвува за битката. Переира побрза да ги демантира критичарите и рече дека напорно тренира. Алекс ќе биде на линијата за титулата во полутешка категорија на УФЦ 313, кој е закажан за 8 март во Лас Вегас, САД.

Противник ќе му биде Дагестанецот Магомед Анкалаев. Переира е благ фаворит во борбата, но мнозинството верува дека Анкалаев е најголемата закана за него во категоријата. Магомед е добар во стој и има импресивни боречки вештини. Токму тоа може да се покаже како клучно и да и донесе победа на ѕвездата од Дагестан.

Алекс се пофали дека ги усовршува своите вештини, а Анкалаев се надева дека е подготвен за борба во 5 рунди и граплинг. Речиси сигурно ова ќе биде последна шанса за титулата на Анкалаев и на неа сигурно ќе се потпре со борење.

„Се надевам дека си подготвен ова да го правиш 25 минути“, напиша Анкалаев на социјалните мрежи.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON