Џон Џонс ветува големa вест пред УФЦ 312

Светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Џон Џонс (28-1) на социјалните мрежи објави дека од него може да очекуваме големи вести во следните 24 часа.

37-годишната легенда на мешаните боречки вештини премногу долго е во преговори за борба против Том Аспинал (15-3), па очекувањата се насочени во таа насока.

Сепак, „Боунс“ е во ризик да го објави своето повлекување, бидејќи во последните недели Дaна Вајт навести дека дебатите на оваа тема со Аспинал не одат добро, а шпекулациите тврдат дека Американецот имал претерано високи финансиски барања кои достигнуваат десетици милиони долари.

Очекуваме Џонс да даде изјава неколку часа пред УФЦ 312 во Австралија. Во последно време стана традиција најголемите натпревари да се најавуваат во пресрет на вакви гала вечери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО