Александар Усик изминатиов викенд уште еднаш го победи Тајсон Фјури за да ги одбрани титулите во тешка категорија. Фјури не се справи добро со поразот, но неоспорен факт е дека Усик заслужено го доби реваншот, без разлика што сега зборува Фјури и неговите избраници.
Даниел Дубоа веднаш му влезе на Усик во рингот и го предизвика на реванш, на кој Украинецот немаше ништо против, а самиот Дубоа веќе некое време кажува дека сака да стане апсолутен шампион на светот. Промоторот на Усик, Александар Красјук, исто така сака Усик повторно да стане апсолутен шампион:
„Даниел Дубоа е шампион, а ако ме прашувате мене, би сакал Усик да стане апсолутен шампион по трет пат. Усик беше апсолутен шампион во полутешка и тешка категорија, па тоа е нешто што сакам да го видам повторно. Усик побара од Турки Алалших да организира борба против Даниел Дубоа, но малку е рано бидејќи Дубоа се бори против Пакрер“, изјави Красјук за Фајтхаб.
„Даниел се бори со Паркер кој е ѕвер од Нов Зеланд и јас би ги ставил моите пари на Џозеф. Тоа не е затоа што не го почитувам Даниел, туку чисто затоа што мислам дека вештините на Џозеф се подобри од оние на Даниел“, објасни тој.
Сигурно би бил историски успех доколку Усик по трет пат во животот стане апсолутен шампион, но прво треба да видиме како ќе помине мечот меѓу Дубоа и Паркер. Се чини дека Даниел веќе донекаде го отпиша Паркер, кој никако не е наивен боксер, па прво треба да го почекаме исходот од тој меч.