Македонија има нови шампиони во бокс – резултати од Државното првенство во Битола (ФОТО)

Финалните борби на 30.Државно првенство во бокс за сениори, младинци, јуниори и кадети во Битола донесоа многу возбудување, пред се во помалите возрасни категории.

Во занимливи борби во салата „Боро Чурлевски“ имаше и изненадувања, но фаворитите не дозволија изненадувања.

На задоволство на сите, борбите ги следеа над 2000 гледачи, што е добро за развојот на боксот.

Со одлука на стручното жири за најдобар боксер на првенството е прогласен Ален Рустемовски, боксерот Арбел Рустемовски е прогласен за најдобар техничар, признанието за најдобар судија му беше доделено на Мејдин Бајрамов, а мечот меѓу боксерите Мачковски и Стојменовски беше прогласен за најборбен дуел.

Вчера беа доделени и медалите и пахарите за победниците во Првата и Младинската лига, каде што на шампионските позиции се најдоа Пелистерски јунак во Првата и Фамилија Демирови во Младинската лига.

Беа доделени признанија за поединци и институции кои биле дел од боксот или го помагале.

Претседателот на Националната бокс федерација, Кристијан Андреевски, на отворањето на првенството, пред околу 2.000 љубители на боксот во Битола, рече:

„Домаќините, Боксерскиот клуб Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски да го организира првенеството, а се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на „Битолски победник“. Како претседател на Федерацијата, уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите учесници во организацијата на големиот настан, на боксерите и тренерите да им посакам среќа во борбите, а публиката да ужива“.

Градоначалникот, Тони Коњановски, истакна дека Битола како спортски град, но и како град на еден од најдобрите боксерски клубови во нашата држава го прифати предизвикот, а уште позначајно е што се возобнови традиционалниот турнир „Битолски победник“, кој своите почетоци ги имаше во 80-тите, а последен пат се организирал во далечната 1996 година.

Резултати – Државно првенство финале:

Кадети

40 кг Алишан Рустемовски (Пелистерски ј.) – Шаин Реџеповски (Фамилија Демирови) 1-4
42 кг Ендрит Рустеми (Шкендија бокс) – Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски) 5-0
46 кг Петар Трајчевски (А. Огненовски) – Фејди Демиров (Ф. Демирови) 4-1
48 кг Арон Скендер (Синди) –Бернарт Османи (Шкендија н.л.) 5-0 ТКО Р1
50 кг Туран Демиров (Ф. Демирови) – Арабел Рустемовски (Пелистерски) 0-5
52 кг Мартин Трајковски (Ас) – Џанер Билјали (Куманово 84) 1-4
57 кг Омер Сулејмани (Фајтер илери) – Иса Бајрам (Пинк пантер) 0-5 ББ
66 кг Ракип Љатуфи (Фајтер илери) – Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) 0-5
70 кг Кирил Рајков (Аперкат) – Аријон Даути (Синди) 0-5

Јуниори

48 кг Џанер Мемедов (Пинк пантер) – Христијан Стојановски (А. Огненовски) 0-5
54 кг Ануар Имери (Фајтер и.) – Сонер Ајрушов (Фамилија Демирови) 0-5
57 кг Бирџан Еминов (Ф. Демирови) – Кенан Билјали (Куманово 84) 3-2
60 кг Синиша Талевски (Пелистерски ј.) – Александар Панов (Пинк пантер) 5-0 ТКО Р3
63 кг Славчо Трпевски (Шкендија бокс) – Димитар Ѓорески (Алексо Огеновски) 0-5
66 кг Андреј Даневски (Пелистерски ј.) – Еријон Саити (Шкендија н.л.) 0-5
70 кг Бојан Георгиевски (Штип) – Омер Шаќири (Фајтер илери) 5-0 ТКО Р2
80 кг Лука Стојмановски (Аперкат) – Бојан Мицковски (Пелистерски ј.) 0-5 ТКО Р2

Младинци

57 кг Омер Абдулаи (Чаир) – Лука Пислевиќ (Униуверзалци) 3-2
67 кг Јоаким Јовановски (Пелистерски ј.) – Лука Трифуновиќ (Илинден) 0-5 Р2
71 кг Данаил Христовски (Универзалци) – Наум Стојаноски (А. Огненовски) 0-5 ТКО Р1
80 кг Давид Задравески (Нокаут) – Никола Кискоски (Аперкат) 0-5
86 кг Дамјан Митковски (Чаир) – Филип Столевски (Универзалци) 4-1

Сениори

60 кг Вилијамс Маневски (Фајтер и.) – Ален Рустемовски (Пелистерски ј.) 0-5 ТКО Р1
67 кг Дион Лена (Синди) – Александар Николовски (10 60) 0-5 ББ
75 кг Мухарем Муареми (Шкендија б.) – Енис Алиу (А. Огненовски) 0-5 ББ
80 кг Филип Деспотовски (Шкендија н.л.) – Стефан Пупалевски (Ас) 0-5 ББ
92 кг Филип Наковски (14) – Илчо Костовски (Пелистерски јунак) 0-5 ББ

Пласман по категории:

40 кг
1.Шаин Реџеповски (Фамилија Демирови)
2.Алишан Рустемовски (Пелистерски ј.)
3.Мухамед Мемедов (Пинк пантер)

42 кг
1.Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски)
2.Ендрит Рустеми (Шкендија бокс) 5-0
3.Резон Красниќи (Шкендија но лимит)
3.Марко Чурлиновски (Пинк пантер)

46 кг
1.Петар Трајчевски (А. Огненовски)
2.Фејди Демиров (Ф. Демирови)

48 кг
1.Арон Скендер (Синди)
2.Бернарт Османи (Шкендија н.л.)
3.Јован Маневски
3.Мемет Салихи (Фајтер илери)

50 кг
1.Арабел Рустемовски (Пелистерски)
2.Туран Демиров (Ф. Демирови)
3.Хајредин Шериф (Пинк пантер)

52 кг
1.Џанер Билјали (Куманово 84)
2.Мартин Трајковски (Ас)

57 кг
1.Иса Бајрам (Пинк пантер)
2.Омер Сулејмани (Фајтер илери)
3.Ахмет Асанов (Фамилија Демирови)

66 кг
1.Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер)
2.Ракип Љатуфи (Фајтер илери)

70 кг
1.Аријон Даути (Синди)
2.Кирил Рајков (Аперкат)

Јуниори

48 кг
1.Христијан Стојановски (А. Огненовски)
2.Џанер Мемедов (Пинк пантер)

54 кг
1.Сонер Ајрушов (Фамилија Демирови)
2.Ануар Имери (Фајтер илери)
3.Илија Ѓоргиев (Пелистерски јунак)

57 кг
1.Бирџан Еминов (Ф. Демирови)
2.Кенан Билјали (Куманово 84)
3.Марко Кискоски (Аперкат)

60 кг
1.Синиша Талевски (Пелистерски ј.)
2.Александар Панов (Пинк пантер)

63 кг
1.Димитар Ѓорески (Алексо Огеновски)
2.Славчо Трпевски (Шкендија бокс)
3.Тарик Весели (Чаир)
3.Самир Рушити (Куманово 84)

66 кг
1.Еријон Саити (Шкендија н.л.)
2.Андреј Даневски (Пелистерски ј.)
3.Владо Димевски (Ас)

70 кг
1.Бојан Георгиевски (Штип)
2.Омер Шаќири (Фајтер илери)
3.Лука Гроздановски (Алексо Огненовски)
3.Донјет Рамадани (Шкендија бокс)

+80 кг
1.Бојан Мицковски (Пелистерски ј.)
2.Лука Стојмановски (Аперкат)
3.Сабир Наќифи (Фајтер илери)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО