Добро подготвениот Александар Усик умешно стигна до нов триумф над лутиот противник Тајсон Фјури.
Непоразениот Украинец во реваншот одржан во Ријад го совлада Карлот на Ромите со едногласна одлука на судиите (сите тројца погодија за 116-112 за Усик).
Британецот на соопштението веќе го покажа незадоволството од судиската одлука, а на пресот покажа дека тешко може да се помири со поразот.
„Усик доби ран божиќен подарок од судиите“, рече Тајсон Фјури и продолжи:
„Се чувствувам како да ги добив двете борби. Знам дека морав да го нокаутирам, но тоа е бокс и ова се случува. Нема сомнеж дека бев подобар во оваа борба. Френк Ворен ми рече дека освоив уште најмалку три или четири рунди, а многумина веруваат дека сум бил подобар во најмалку уште две рунди“.
Но, Џипси Кинг во реваншот влезе како предизвикувач, и мораше да покаже нешто повеќе отколку што покажа во дуелот со шампионот.
„Кога си предизвикувач и не дојдете со нокаут, тогаш ова се случува. Но, сега нема да плачам поради истуреното млеко“, изјави Тајсон Фјури, а на прашањето дали го чувствувал духот на Усик за време на мечот, додаде:
„Не почувствував никаков дух. Го почувствував духот на Божиќ“.
Со одлична тактика, Усик стигна до 23 професионални победи и со тоа го зацврсти статусот на еден од најголемите боксери на оваа генерација.
Како одговор на тврдењето на Фјури дека е незаслужено стигнал до победата, непоразениот Украинец многу смирено одговори:
„Многу се зборува. Навистина го почитувам Тајсон Фјури. Но, ако Тајсон рече дека тоа е божиќен подарок, тогаш во ред. Фала му на Бога, не на Тајсон. Благодарение на мојот тим. Нема проблем, победив“.
Усик продолжи да покажува огромна почит кон Фјури по две незаборавни борби за кои долго ќе се зборува.
„Тој е мојот најдобар пријател“, рече Александар Усик и подвлече:
„Го почитувам и се уште мислам дека е многу тежок противник. Тајсон Фјури ме прави силен, тој е голем противник. Тој е голем и силен боксер. Тој е добар човек. Тајсон зборува многу, но тоа е само шоу. Го почитувам Тајсон Фјури. Нашите 24 рунди се историја“.