Денес во Скопје се одржа Меѓународниот турнир „Кобра опен“, при што во вкупниот пласман победник е домаќинот Кобра со 157 бодови, односно со 12 златни медали, 11 сребрени и 7 бронзени, втор е Бутел 111 (10-5-5), а Корио е трет 99 (6-9-19).
На турнирот настапија околу 300 учесници од Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.
Најдобри натпреварувачи по возрасни категории:
Јуниор – Андреј Василевски (ТК Бутел)
Јуниорка – Драгана Ефтимовска (ТК Штип)
Кадет – Теодор Стојановски (ТК Бутел)
Кадетка – Катја Анастасов (ТК Кобра)
Млад кадет – Итан Јосифовски (ТК Те Макс)
Млада кадетка – Нјера Дервишевиќ (ТК Улцин)
„Првиот човек на македонското олимписко таеквондо д-р Борче Костовски му додели Златна плакета за животно дело на тренерот и еден од основачите на македонското олимписко таеквондо Коста Михајлов. Притоа му упати честитки и признание дека станува збор за човек кој истраја во развојот на овој спорт од периодот кога едвај некој знаел за него, до сега кога е спорт број 1 во Македонија“, велат од Македонската таеквондо федерација, притоа истакнуваат дека МТФ продолжува да поставува високи критериуми за развој на врвниот спорт во државата.