Неодамна најавеното враќање на Владимир Кличко во рингот против Тајсон Фјури ја подели боксерската јавност, но поранешниот светски шампион Рој Џонс Јуниор верува дека моментално пензионираниот украински борец има шанса да го совлада Тајсон Фјури.
Големиот боксерски ентузијаст Турки Алалших, одговорниот за спортски и забавни настани во Саудиска Арабија, откри дека сонува за реванш во тешка категорија меѓу 48-годишниот Владимир и 12 години помладиот Тајсон.
Во ноември 2015 година Џипси Кинг во Диселдорф го победи Кличко со едногласна одлука и ги освои светските шампионски појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО.
Потоа Владимир имаше уште еден меч во април 2017 година кога загуби од со прекин во 11.рунда од Ентони Џошуа, а потоа објави крај на кариерата.
Рој Џонс Јуниор го поддржа потенцијалното враќање на Кличко и објасни дека Украинецот е се уште силен и објасни зошто Кличко треба да го изедначи резултатот со Фјури.
„Зошто Кличко не би се вратил? Зошто да не се бори со Фјури? Па, Фјури нема толку силен удар. Не знам дали Кличко може да победи, но мислам дека има шанси. Но, останува да видиме дали неговото тело може да го издржи тоа. Нека го искористи, има шанса“, изјави Рој Џонс Јуниор и додаде:
„Мора да знаете дека браќата Кличко се многу силни и многу добри боксери. Тие се интелектуални типови кои се држат до својата форма и многу внимаваат на изгледот на своето тело. Верувам дека без разлика на нивната возраст, тие се уште се во одлична физичка форма“.