Литванскиот боксер Генади Крајевски, кој живеел во Англија, се самоубил на 37 годишна возраст. Крајевски беше познат по прекарот „Балтички бомбардер“, а најмногу борби имал во Ливерпул, каде што живеел.
Неговата најпозната борба беше во 2020 година против братот на Тајсон Фјури, Томи.
„Би сакале да ги испратиме нашите сочувство и размислувања до семејството и пријателите на Генади Крајевски во овој момент. Балтичкиот бомбардер бил во гостинскиот агол во Мидлендс (централниот дел на Англија) многу пати“, се вели во соопштението на сочувство од Британската боксерска организација.
It is with deep sorrow that we receive the news of Genadij Krajevskij's passing.
We had the honour of featuring him in the VIP Shows on multiple occasions. Our videographer, Lee Hogan, was fortunate enough to capture his sole professional victory during his 68th fight on a Frank… pic.twitter.com/sacCjhiCSP
— VIPboxing (@vipboxing) December 8, 2024
Последната борба Крајевски ја имаше во август 2024 година.