Деметриус Џонсон одби два милиони долари за меч: Не сакам повеќе да се борам

Александре Пантоја ја продолжи својата успешна серија на настанот УФЦ 310, кој се одржа изминатиот викенд во Т-Мобилe арената во Лас Вегас.

Фантастичниот Бразилец трет пат по ред го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во мува категорија, победувајќи го Јапонецот Каи Асакура со техничка завршница во втората рунда.

Пантоја минатата година ја освои титулата против Брендон Морено, а подоцна ги победи Брендон Ројвал, Стив Ерцег и сега Асакура, кому тоа му беше прва борба во најголемата светска ММА организација.

По расчистувањето на категоријата бразилскиот борец го прозва поранешниот шампион Деметриус Џонсон, кој во септември најави пензионирање по 25-годишна професионална кариера.

Легендарниот Мајти маус го напушти УФЦ во август 2018 година по поразот од Хенри Сехудо и замина во ОНЕ, каде ја заврши кариерата.

„Ја исчистив категоријата. Повеќепати ги победив предизвикувачите на највисоко рангираните борци, па УФЦ ми донесе шампион од друга организација. Го завршив и него. Време е да се бориме со Деметриус Џонсон“, изјави Александре Пантоја.

Деметриус Џонсон многумина го сметаат за еден од најдобрите ММА борци на сите времиња, тој доминираше во мува категорија на УФЦ и ја бранеше титулата 11 пати. Се пензионира како шампион на ОНЕ, а според неговата најава не планира да се врати во октагонот.

„Ми понудија два милиони долари да се борам! Одбив затоа што не сакам повеќе да се борам“, напиша Деметриус Џонсон во објавата на X.

https://twitter.com/MightyMouse/status/1865648377364660496

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО