АктуелноБоксПрофесионален
Усик за реваншот со Фјури ќе заработи 114 милиони долари

Објавени се хонорарите за втората борба меѓу Александар Усик носителот на титулата во тешка категорија на верзиите ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБО, и поранешниот шампион Тајсон Фјури.
Според „Спортстер“, вкупната сума за реваншот ќе биде 190 милиони долари. Сумата ќе биде распределена во сооднос 60-40во корист на Усик. Така, Украинец може да смета на 114 милиони долари, Британецот на 76 долари.
Реваншот на Фјури против Усик ќе се одржи ноќта меѓу 21 и 22 декември 2024 година во Ријад (Саудиска Арабија).
Првата борба се одржа во мај, украинскиот боксер победи со поделена одлука на судиите.



