На познатиот актер од „Роки“ му рекоа дека му остануваат уште две години живот, а тој ја победи најтешката болест

Ѕвездата на филмовите „Роки“, „Платеници“ и „Универзален војник“ Долф Лундгрен денеска соопшти дека ја победил најтешката болест. Актерот во интервју минатата година откри дека осум години се бори со ракот. Во 2015 година лекарите дадоа дијагноза и направија операција на бубрегот.

Тогаш изјави дека „му дале две-три години“, дека понатамошните анализи утврдиле дека има „уште шест тумори, од кои едниот бил преголем за да се отстрани и барал системска терапија“, за денеска да објави дека „ борбата е завршена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)

„Добро, тука сум. Ќе влезам и ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи нема повеќе канцерогени клетки во моето тело, претпоставувам дека ќе бидам без рак и со нетрпение очекувам. Правам аблација на белите дробови, тоа беше тешко патување и навистина ме научи да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот, вели актерот.

Обожавателите во коментарите му испраќаа пораки со поддршка, па дури и „неуништливиот“ Чак Норис остави коментар на објавата на Долф.

„Одлични вести! Среќен сум што го слушнав ова, Долф“, му напиша Норис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО