Ардијан Рустемовски избоксира во голем стил, на фаворизираниот Русин му помогнаа судиите на СП

На Светското бокс првенство за младинци во Будва, Црна Гора, денес нашите репрезентативци одработија многу подобра од вчера, иако сите испаднаа од понатамошните борби. 

Браво за Ардијан Рустемовски иако загуби со поделена одлука на судиите против фавризираниот Русин Ислам Ибрагимов со 1-4, но по првите две рунди борбата беше 1-1, бидејќи и двајцата добија по една рунда со 3-2. Можеби да не беше опомената Ардијан ќе ја добиеше и првата рунда. Во решавачката трета рунда рускиот репрезентативец боксираше малку повалкано, поради тоа зададе 2-3 удари. Сепак, судиите му помогнаа на рускиот боксер.

Кај Рустемовски се забележа помал недостаток на кондиција. што можеби влијаеше на агресивноста во третата рунда.

Наум Стојановски беше немоќен против расположениот и агресивен Алеперен Јилмаз од Турција кој успеа да го совлада нашиот боксер во првата рунда. По трите броења на 20 секунди пред крајот на првата рунда по третото броење судијата ја прекина борбата.

Лиси Коџаџику во тактичко-техничка борба загуби од белорускиот боксер Андреј Румијанцау 0-5. Белорусинот беше подобра во трите рунди, задавајќи прецизни удари.

На СП учествувуваат на 73 земји, 592 боксери и боксерки (413 мажи, 180 жеми) и ќе трае до 4 ноември.

Резуилтати – Светско првенство за млади:

57 кг
Ардијан Рустемовски – Мутала Цимбобо (ДР Конго) 5-0 б.б.
Ардијан Рустемовски – Ислам Ибрагимов (Русија) 1-4

63,5 кг
Луан Сулејмани – Абдалах Рахал (Израел) 25 октомври

71 кг
Наум Стојановски – Мартин Аломонасид (Чиле) 5-0 ТКО Р3
Наум Стојановски – Алеперен Јилмаз (Турција) 0-5 TKO Р1

86 кг
Лиси Коџаџику – Андреј Румијанцау (Белорусија) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО