Топурија се лути оти неговата борба е во исто време со „Ел Класико“

УФЦ шампионот во перолесна категорија Илија Топурија на прес-конференцијата пред борбата в сабота против Макс Холовеј, рече дека е лут што неговата битка во октагонот ќе биде во исто време со фудбалското Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона.

„На љубителите на спортот им е ускратена можноста да ги гледаат двата настани. Ајде да видиме дали наместо да го нокаутирам Холовеј, ќе треба да го нокаутирам одговорниот што го направи распоредот за Ел Класико да биде истиот ден и во исто време со мојата борба. Тоа е Хавиер Тебас? Да одиме по Хавиер Тебас, против него нека ми биде следната борба“, рече Топурија кој навива за Реал и прогнозираше победа на Кралскиот клуб од 3-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО