Напнато на соочувањето меѓу Анатоли Малихин и Омар Кејн

Трикратниот шампион во ОНЕ шампионатот Анатоли Малихин и Омар Кејн за прв пат се соочија пред нивната борба. Двајцата ќе бидат предводници на настанот ОНЕ 169 овој викенд во Бангкок, Тајланд. Во прашање е титулата во тешка категорија која ја држи Русинот.

Малихин има 14-0 во ММА и секоја своја победа ја има добиено со завршница. Победил 10 пати со нокаут и 4 пати со завршница. Во последната борба го победи Рејнир де Ридер во март оваа година. Анатоли ги има титулите во тешка, полутешка и средна категорија во азиската лига.

Руската ѕвезда има 6 победи под знамето на оваа организација. 10 негови борби завршуваат во првата рунда.

Кејн, познат како „Рог Рог“ има скор од 6-1 во ММА и е во победничка серија од 3 борби. Во последната борба во август 2023 година го победи Маркус Алмеида. Омар победи 4 пати со нокаут и загуби еднаш со нокаут. Кејн е легенда во сенегалското борење.

Пред настанот неодамна се одржа прес-конференција. Тие застанаа лице в лице и речиси се степаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONE Championship (@onechampionship)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО