Даниел Стефановски потпиша договор со Глори, првата борбра е на 7 декември

Македонскиот воин – Даниел Стефановски потпиша долгорочен договор со најголемата и најпрестижна кик бокс организација во светот Глори. Договорот е за две години, при што треба да има седум борби. Првата борба ќе биде на 95 килограми, а другите шест борби на 85 кг.

„Со задоволство објавувам дека потпишав долгорочен договор со Глори!

Тоа е детски сон што ми се оствари и со нетрпение го очекувам ова ново поглавје во животот!

Останете во тек…

Би сакал да му се заблагодарам на мојот тим, мојот менаџер, моето семејство и Глори што го овозможи ова“, напиша Даниел Стефановски на Фејсбук.

Стефановски првата борба за Глори ќе ја има 7 декември на Глори: Колишн 7 против Раџапзадех во Арнем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО