Кро Кап повторно воодушеви со убав гест: Ја најдов оваа „трошка“ на пат и ќе и обезбедам дом каков што заслужува!

Поранешниот ММА борец Мирко Филиповиќ подобро познат како „Кро Кап“ уште еднаш докажа дека има големо срце. Хрватот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија од мало кученце за кое вели дека го спасил од улица со цел да не дозволи да заврши под тркалото на некој автомобил.

Желбата на Филиповиќ е да го пронајде сопственикот на миленичето или пак да и најде „дом каков што заслужува“.

„Вчера на патот пред куќата во Борчец ја најдов оваа малечка како избезумено лута. Пиншер микс веројатно. Ја нахранив и ја однесов на ветеринар, но нема чип. Добро е – нахранета и негувана, очигледно е нечија куќна миленичка или била, па можеби се решил од неа исфрлајќи ја кола. Можеби и залутала, бидејќи нема чип, тоа ми се чино помалку веројатно. Ги разгледав и маалските страници на Фејсбук и групата „Изгубени/пронајдени кучиња ЗГ“, но никој не ја бара. Ако нејзините сопственици ја бараат, би сакал да се врати дома. Во случја некое ѓубре да ја изфрлило од автомобилот за да се ослободи од ова куче, нека знае дека на кучето ќе му најдам дом каков што заслужува секое милениче“.

„Веќе имам четири кучиња и искрено не ми треба петто. Но ова куче сигурно нема да заврши на пат и под тркалата на автомобил или да го растргнат други кучиња, со оглед на тоа што нема ни пет килограми, ако не се најдат сопственици ќе ја дадам на посвојување, а дотогаш таа е многу млада, мешана раса, нема ни 5 килограми“, напиша Мирко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО