Арјан Исени елиминиран со сомнителна поделена одлука на ЕП, и Дион Лена ги заврши настапите

Дион Лена и Арјан Исени не ги продолжуваат натпреварите Европското првенство до 23 години во Софија, Бугарија. И двајцата загубија во првите борби.

Но, во речиси изедначена борба Исени загуби со поделена одлука 2-3 од Изарелецот Даниел Илјушонок. Кај еден од судиите Арјан имаше изразена предност од 30-27 и слободно може да кажеме дека и тој можеше да биде побендикот. Штета, Исени беше еден од адутите за висок пласман.

Лена ја загуби борбата во втората рунда, иако противникот не покажа супериорност.

Утре на рингот ќе се појави Ружди Рустемовски (60 кг) против Џек Драјден од Англија., како и Ален Рустемовски.

Ќе потсетиме дека Ален Рустемовски (-57 кг) во првото коло го победи Витас Хацуеју и се пласира во осминафиналните пресметки каде што ќе се сретне со Ирецот Рајан Гејвин Шејн.

За медалите се борат 327 спортисти од 35 репрезентации, но паричните награди ќе ги имаат и оние кои ќе се пласираат во четвртфиналето. Меѓународната боксерска асоцијација повторно ќе ги поддржи боксерите со значајни парични награди, што не е ништо ново, бидејќи ИБА во последните четири години ги награди своите спортисти на натпреварите за различни возрасни групи.

Сите боксери кои ќе се пласираат во четвртфиналето ќе бидат наградени со парични награди. Четвртфиналистите ќе освојат по 1000 долари. Бронзените медалисти ќе освојат 2000 долари. Вицешампионите ќе бидат наградени со 4000 долари, додека шампионите 8000 долари.

„Поддршката што ја имаме од Меѓународната боксерска асоцијација и претседателот Умар Кремлев е многу важна за целото семејство на ЕУБЦ, а особено за нашите млади боксери. Благодарни сме за ова спонзорство од ИБА“, изјави Кирил Шчекутјев, генерален секретар на ЕУБЦ.

Резултати – Европско првенство У-23:

-57 кг Ален Рустемовски – Витас Хацуеју (ИБАБ) 5-0 ТКО Р2  1/16 финале
-60 кг Ружди Рустемовски – Џек Драјден (Англија) 13 октомври 1/8 финале
-63,5 кг Дион Лена – Лаша Гагнидѕе (Грузија) 0-5 1/16 финале
-71 кг Енис Алиу – Благовест Христов Неделчев (Бугарија) 14 октомври 1/8 финале
-80 кг Арјан Исени – Даниел Илјушонок (Израел) 2-3 1/16 финале
+92 кг Ардијан Аземи – Ловро Павчец (Хрватска)/ Васил Ткачук (Украина) ¼ финале 17 октомври

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО