ИБФ нареди меч меѓу Мартин Баколе и Агит Кабајел за следен предизвикувач на Дубоа

Даниел Дубоа пред неколку недели го победи Ентони Џошуа и го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија на ИБФ.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, по мечот изјави дека Еј Џеј ќе бара реванш против Дубоа, иако нашироко се зборуваше дека победникот ќе се соочи со подобриот од борбата Усик-Фјури, која ќе биде во декември.

Но, во ИБФ не сакаат долго да чекаат, па нарачаа меч за следниот предизвикувач на Дубоа, кој ќе биде победникоит од пресметката меѓу Мартин Баколе и Агит Кабајел.

Конгоанецот Баколе (21-1. 16 КО) во август го победи Џаред Андерсон со нокаут во петтата рунда на настан во Лос Анџелес.

И германскиот боксер Кабајел (25-0, 17 КО) има четири убедливи победи во последните три години, една против Хравтот Агрон Смакиќи, кого го совлада со прекин во третата рунда.

Во последниот меч во мај го победи Франко Санчез со нокаут во седмата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО