Стокмена борбената картичка за ПФЛ Супер фајтс: Битка на џиновите

Ја финализираа борбената картичка за настанот ПФЛ Супер фајтс: Битка на џиновите, кој ќе се одржи на 19-ти октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Во главниот настан, поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану ќе дебитира во ПФЛ. Камерунската легенда ќе се соочи со опасниот Бразилец во Ренан Фереира, кој е шампион на ПФЛ во тешка категорија. Во коглавниот настан, шампионката во перо категорија на Белатор Крис Киборг ќе се бори со Лариса Пачеко, која е шампионка на ПФЛ во две дивизии.

Еве како изгледа целосната борбена карта за настанот во Ријад:

Главна карта:
Френсис Нгану – Ренан Фереира
Крис Киборг – Лариса Пачеко
Џони Еблен – Фабијан Едвардс
Хусеин Кадимагомаев -. Зафар Мохсен
А.Ј. МекКи – Пол Хјуз

Прелиминарни:
Рауфеон Стотс – Маркос Брено
Дедрек Сандерс – Макашарип Зајнуков
Ибрагим Ибрагимов – Начо Кампос
Мостафа Рашед Нада – Ахмед Сами
Јусеф ал Хусани – Таха Бендауд

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО