Џошуа не планира да се пензионира по поразот од Дубоа: Доживотен борец сум

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа сè уште не планира да се пензионира откако синоќа претрпе пораз во петтата рунда со нокаут од Даниел Дубоа пред 96.000 навивачи на Вембли.

Во одличниот британски дуел Дубоа доминираше против Еј Џеј, испраќајќи го три пати на подот пред нокаутот. Тоа беше 22-та победа во кариерата на Динамит (21 нокаут) со која го одбрани шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија.

Дубоа беше поагресивен од самиот почеток и не му даде шанса на освојувачот на златниот медал од 2012 година да замавне, бидејќи упати неколку тешки удари во текот на првите четири рунди и ја заврши приказната во петтата.

Тоа беше четврти пораз во кариерата на Џошуа и најубедлив досега, но 34-годишниот Еј Џеј сè уште не планира да се откаже од боксот.

„Пред да дојдам на рингот секогаш си велев „Јас сум борец за живот“. Ги фрлив коцките и барав победа, но останав покус… Ќе ги фрлам пак коцките“, изјави Ентони Џошуа и призна дека направил неколку грешки:

„Имав опасен и брз противник. Направив многу грешки. Но, тоа е борба. Колку и да беше откачен, тоа беше тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО