Погледнете ја неодамнешната средба на Џон Џонс со внукот на Мухамед Али (ВИДЕО)

Нико Али Волш, внук на боксерската легенда Мухамед Али, јасно разбира што значи ГОАТ. Покојниот дедо на Волш е глобална спортска икона и сè уште е синоним за „Најдобриот на сите времиња“.

Пред три години Нико стана професионален боксер (11-1, 5 КО, 1 НЦ), а пред неколку дена се сретна со ММА легендата и шампион на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс.

Волш даде до знаење „кој е ГОАТ во ММА“, а нивната кратка средба е снимена на камера. 24-годишниот американски боксер видеото го објави на Инстаграм.

Во видеото, Џонс се насмевнува и вели дека има „можност да боксира со Али“, а подоцна го изведува потегот „Ali Shuffle“ што боксерската икона го користеше против неговите противници.

На крајот и двајцата се прегрнаа, а Џонс рече: „Ми треба тоа видео“.

Волш во јуни го победи Соне Акале со едногласна одлука, додека Џонс во неомври треба да ја брани титулата против најголемиот тешкаш на УФЦ Стипе Миочиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nico Ali Walsh (@nicoaliwalsh)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО