Каратистите на Макпетрол учествуваа на балканскиот карате камп во Бјелина

Изминатиот викенд каратистите на Макпетрол учествуваа на тренинг
кампот што се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, беше задолжен за реализација на овој
камп, тој изјави дека одлуката за учество на младиот тим на овој собир е со примарна цел да се направи дополнителна едукација и контрола на спортската форма со докажани спортисти непосредно пред Светското првенство кое наскоро треба да се одржи.

„Затоа сите заедно трениравме три дена по два и три пати на ден. Ги увидовме
недостатоците кои треба да ги поправиме кај нашите спортисти, и во наредниов
период имаме јасна слика и ќе работиме на индивидуално подобрување во техничкиот и тактичкиот дел на нападите и одбраната“, изјави Петар Заборски.

Покрај тимот на Макпетрол, учество на овогодишниот камп земаа каратисти од
бБалканските држави и нивните најтрофејни клубови од: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Во составите имаше повеќекратни освојувачи на многу европски и светски медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО