Промоторот на Баколе најави големи борби: Мартин е подготвен за Усик, Фјури, Жанг, Паркер…

Боксерскиот промотор Бен Шалом смета дека Мартин Баколе е подготвен да се бори со најголемите борци во тешка категорија.

Минатиот викенд во Лос Анџелес Баколе ја прекина победничката серија на Џаред Андерсон со прекин во петтата рунда и остави многу добар впечаток.

Конгоанскиот тешкаш долго време сака голема борба или меч за титулата, а сега верува дека е поблиску до исполнување на своите планови.

Во интервју за Скај спорт Шалом истакна дека Мартин е подготвен да се соочи со многу поопасни борци како Тајсон Фјури и Aлександaр Усик.

„Тоа беше фантастичен настап на Мартин Баколе и опомена за целата тешка категорија. Џеред Андерсон беше храбар, покажа големо срце, но Мартин го приземји и заврши со голем стил“, изјави Бен Шалом, а потоа продолжи:

„Сега му претстојат големи борби – победникот од мечот меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик, Жилеј Жанг, Џозеф Паркер, Агит Кабајел… Мартин беше трпелив. Работеше напорно и ја чекаше својата шанса. Сега дојде неговото време. Подготвен е да се бори со најдобрите во светот. Баколе може да победи секого. Ќе им прави проблеми на сите и може да стане светски шампион во тешка категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО