Европскиот јуниорски џудо-куп ќе се одржи од 9 до 11 август во Скопје (ВИДЕО)

Вториот Европски јуниорски џудо-куп ќе се одржи од 9 до 11 август во Скопје.

„Со задоволство можеме да кажеме дека афирмација на џудото е во добиената организација на Европскиот јуниорски џудо-куп. Минатата година учествуваа 223 џудисти од 29 земји, меѓу кои и од Америка, Канада, Израел и Саудиска Арабија. Годинава досега се пријавени 220 учесници од 25 земји. Пријавувањето е во тек. Поради добрата организација и највисоките оценки што ги добивме од Европската џудо-федерација и од Светската џудо-федерација, продолжуваме со организација на овој јуниорски куп, но и на Европското кадетско првенство во 2025 година“, изјави пред извесно време Миодраг Стојановиќ, потпретседател на македонската Џудо-федерација.

Од Џудо-федерацијата на Македонија ги покануваат сите вљубеници во боречките спортови масовно да го посетат Европскиот џудо-куп во Скопје. Влезот е бесплатен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО