Гвоздик го отпиша Фјури: Лутината заврши, нема да го победи Усик

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија Александар Гвоздик (20-2) е уверен дека поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури (34-1) нема што да му понуди во реваншот на шампионот во тешка категорија на ВБА, ВБЦ и ВБО, Александар Усик (22-0).

„Дали има ли шанса Фјури да понуди нешто ново? Тешко е да се каже. Не верувам! Мислам дека Фјури е готов. Секако дека не знам, но некако не верувам. Реваншите често не се толку сјајни како првите борби. Можеби ќе се плаши или ќе биде многу претпазлив. Не знам, но не верувам дека Фјури може да смисли нешто за да го победи Усик.

Бев загрижен бидејќи е масивен и тоа можеше да биде проблем за Усик. Но, Сања направи многу добро. Сега има самодоверба, знае што да прави, а Фјури е спротивното. Дали ќе може да се собере и да тренира навистина напорно? Според она што го слушнав за тоа што прави и како тренира, мислам дека не е така. Затоа мислам дека Усик повторно ќе победи“, рече Гвоздик во интервју за Јутјуб каналот Ту сајдс.

Усик го победи Фјури и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири важни (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг). Борбата се одржа на 19 мај во Кингдом арената во Ријад, Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО