Пет одличја за македонските џудо ветерани на турнирот во Босна и Херцеговина

Денес на 4. Меѓународниот џудо турнир за ветерани „Стеван Марковиќ” во Шипово, Босна и Херцеговина, освоија 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 брозени, како и пехар за највизрасен учесник на турнирот.

Медалите ги освоија:

1.Сашо Димовски М5  – 73 кг – златен
2.Никола Божиновски М3  -73 кг – сребрен
3.Марјан Димески М7 -100 кг – бронзен
4.Влатко Кузманоски М9 – 66 кг – златен;
5.Киро Здравески М9 – 66 кг – бронзен и пехар за највозрасен учесник на овој турнир.

На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи од Србија, Хрватска, БиХ, Австрија и Македонија.

Ветераните по враќањето од учеството на овој тренинг камп и меѓународен турнир продолжуваат со подготовки за следните натпревари на меѓународно ниво во почетокот на септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО