Големиот настан УФЦ 306 во Сфера арената во Лас Вегас ќе го предводат две шампионски борби

Најголемата светска ММА организација ќе го одржи настанот УФЦ 306 на 14 септември во Сфера арената во Лас Вегас, кој, според шефот Дана Вајт, на фановите ќе им го понуди најдоброто шоу во сите спортски преноси во живо до сега.

А првиот човек на УФЦ нема да биде среќен ако информациите за претстојниот ППГ спектакл се покажат како точни, бидејќи протекоа информации за две можни борби за титулата кои би можеле да бидат насловни на големиот настан.

Имено, за време на преносот на настанот на УФЦ од Денвер, каде Роуз Намахунас ја победи Трејси Кортез, коментаторите на француско-канадскиот „лајвстрим“ ТВА спортс ненамерно открија две големи борби за настанот во Сфера арената, видеото погледнете го ТУКА.

Наводно УФЦ 306, ќе го предводат две борби за титула, во бантам категорија меѓу Шон О’Мели и Мераб Двалишвили и во перо категорија меѓу Илија Топурија и Макс Холовеј.

Не е објавено која од овие две борби би го предводела настанот, иако се шпекулира дека тоа би била борбата Топурија – Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО