ММА борец неутрализира напаѓач со нож и спаси живот на жена (ВИДЕО)

36-годишен маж се заканувал на жена на централната станица во Магдебург и ја бркал со нож.

Веројатно ќе ја избодеше ако не беше ММА борец и експерт за бразилска џиу-џицу. Портпаролот на полицијата вели дека напаѓачот вербално и се заканил на жената, по што почнал да ја демне со нож.

За среќа, на лице место се наоѓал ММА борец, кој успеал да го неутрализира напаѓачот. Полицијата пристигнала на местото на настанот и го привела 36-годишниот маж, а борецот станал херој.

Ова е кратко видео од инцидентот во гаражата во Магдебург, Германија:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО