Џеф Монсон: Не ги мразам САД, но ја сакам Русија и останувам овде

Американецот Џеф Монсон ја сака Русија и планира да продолжи да живее таму. 51-годишниот ММА борец од Минесота поднел барање за руско државјанство, тврдејќи дека се чувствува „Русин по душа“. Тој доби руско државјанство во 2018 година од претседателот Владимир Путин.

На 9 септември 2018 година Монсон беше избран во локалниот градски парламент на Красногорск, град во близина на Москва. Монсон го доби мандатот како кандидат на листата на владејачката партија Единствена Русија, која го номинираше без членство.

За да го исполни својот мандат Монсон мораше да се откаже од американското државјанство во согласност со руските закони. Монсон, кој има скор од 61-26-1 во ММА, зборуваше за Русија за руските медиуми.

„Се восхитував на Русија и се чувствував Русин уште пред да станам сопственик на руски пасош. Примањето само го официјализира тоа. Ја сакам Русија и нејзиниот народ. Тешко е да се опише со зборови.

Честопати среќавам луѓе на улица кои доаѓаат и само ме гушкаат, ме канат, ме посетуваат, без разлика во кој град. Се чувствувам како семејство. Не само познат борец, туку член на семејството.

Поттик за одлуката за преселба беше инцидент што ме шокираше. Еднаш, за време на едно телевизиско интервју во Пенза, ме прашаа: „Дали ти се допаѓа овде?“ Реков дека сум добро, но многу тажен затоа што мајка ми во САД е многу болна, има рак“.

На последниот ден од мојот престој во Пенза, ми пријде непознат постар човек и ми рече дека мора да пренесе нешто важно. А потоа ми ја предаде иконата со Богородица и со солзи во очите рече: „Ова е помош од Русија за мајка ти. Кажи ѝ дека ја сакаме и посакај ѝ добро“.

Беше многу трогателно и за мене стана пример за срдечноста на Русите. Мислам дека јас навистина не ја одбрав Русија, таа ме избра мене. Никогаш нема да кажам: „Не сакам да одам во Америка“! Немам лутина или омраза кон неа. Ќе отидам таму, но ќе го градам животот овде во Русија“, рече Монсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Monson (@jeff_monson_official)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО