Берат Јакупи со една победа и еден пораз на Големото финале на Карате 1 Премиер лигата во Слазбург, Австрија, ги заврши натпреварите оваа сезона во Лигата.
И покрај, најверојатно Јакупи (КК Фати) во категоријата до 84 килограми ќе го освои првото место во вкупниот пласман на Карате 1 Премиер лигата, бидејќи неговите најголеми ривали Нело Маестри (Италија) и Михаил Цанос (Грција) не се натпреваруваа на турнирот во Австрија.
Во првото коло Јакупи го совлада Милош Јовановиќ од Србија, а со идентичен резултат загуби од Дожук Олександар од Украина.
Иво Цветковски од Металург во категоријата до 75 килограми го заврши натпреварувањето со скор 2 победи и 1 пораз. Ги победи Андреас Болман (Германија) 1:0 и Бул Викоре (Шведска) 5:0, а загуби од Антон Исаку (Белорусија) 0:2. Во оваа категорија Халит Османи од Макпетрол беше поразен од Ваноди Ахмед (Шведска) со 1:0.
И Тодор Ристевски (Спорт 94) во категоријата до 67 килограми имаше две победи и еден пораз. Ги совлада Младен Ролиќ (Србија) 2:1 и Доме Сегеди (Унгарија) 8:6, а поразен од Србинот Стефан Јокиќ 3:0.
Нашите претставнички во кати поединечно Поликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски беа елиминирани во првите мечеви.
ipon.mk/В.Д.