Реваншот меѓу Усик и Џошуа ќе се оддржи во Саудиска Арабија

Реваншот меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик ќе се оддржи во Саудиска Арабија на крајот на јуни, јавува „Дејли мејл“.

Иако се очекуваше мечот за ВБО, ИБФ, ВБО и ИБО титулите да се оддржи во Лондон, саудиските организатори ќе платат фантастични 120 милиони долари за го добијат мечот. Џошуа веќе боксуваше во Саудиска Арабија во декември 2019 во реваншот со Енди Руиз Јуниор, во меч кој „тежеше“ 80 милиони долари.

Еди Херн изјави дека мечот може да се случи на повеќе локации во зависност од тоа кој ќе понуди повеќе.

Џошуа доби повеќе при во првиот меч, но овојпат Усик, како актуелен шампион ќе добие најмалку 50 отсто поради екстремните услови во кои живее, откако се врати во Украина и стана дел од територијалната одбрана по војната со Русија. Усик доби посебна дозвола од Министерството за одбрана и поддршка од градоначалникот на Киев, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Витали Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON