Балканец на Меѓународниот турнир „8 Септември“ во Скопје, а во организација на Вардар, освои 19 медали – 8 златни, 4 сребрени и 7 бронзени во конкуренција на деца, пионери и кадети.
Златни медали освоија:
Никола Гицев – 37 кг, Марко Ананиев -45 кг, Зоран Шоров -62 кг, Христијан Тасевски – 60 кг, Андреј Трајчов -80 кг, Викторија Ѓурова -41 кг, Марија Цветанова -54 кг и Анабела Данилова -60 кг;
Сребрени медали:
Јован Атанасов -48 кг, Стојанче Стојков -52 кг, Јован Балабанов -62 кг и Христијан Коцев -80 кг;
Бронзени медали:
Андреј Мишев 35 кг, Лука Ананиев -41 кг, Бојан Ѓуров -69 кг, Јован Стфанов -62 кг, Филип Коцев -60 кг, Дамјан Смилков -62 кг и Давид Миленковски -62 кг.
На турнирот настапија борачи од Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.