Кикбоксерите на Будо од Кавадарци на Државното првенство во Неготино во jуниорска и кадетска конкуренција освоија 7 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.
Кадети: Анкица Јанакиева (-32кг), Синиша Милошевиќ (-45кг) и Милан Милошевиќ (-49кг) освоија златни медали во кик лајт.
Постари кадети: Александар Велков (-65кг) и Блаже Настов (-57кг) златни медали во кик лајт, Александар Захарчев (-57кг) сребрен, бидејќи беше дел од клупското финале.
Јуниори: Милица Јованова (-55кг) бронзен, а Филип Ризов (-55кг) и Никола Павлов (-84кг) освоија златни медали во кик лајт.
Ова е добар успех на кавадаречкиот клуб.
Вчера во сениорска конкуренција освоија еден сребрен и еден бронзен медал. Зоран Димов во кик лајт до +93 кг се зкаити со сребрениот медал, а Илија Камчев (-71 кг) во лоу кик со бронзен.
Ipon.mk/В.Д.