Шампионката во перо категорија Валентина Шевченко ќе ја брани титулата против Лорен Марфи на УФЦ 266 на 25 септември во Лас Вегас.
Веста најпрво ја објави ЕСПН.
Шевченко е прогласена за еден од најдоминантните шампиони на организацијата и ќе ја направи својата шеста одбрана на титулата, откако во април ја победи Џесика Андраде со ТКО.
Шевченко има учинок од 10-2 во УФЦ и единствените порази и се од Аманда Нунеш на два многу спорни средби.
Марфи за прв пат ќе учествува во шампионска борба, откако забележа 5 последователни победи во мува категорија.